СБ на ОН ќе расправа за Извештајот за Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе го разгледува новиот тримесечен извештај на генералниот секретар Антони Гутереш за работата на УНМИК на Косово. Во него тој ги повикува Белград и Приштина да продолжат да ги решаваат спорните прашања преку дијалог и да покажат политичка волја, неопходна за целосна нормализација на односите.