Завршни зборови за „Тенк“, „Тендери“ и „Тотал“

екс министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжат судењата за случаите на СЈО „Тенк“, „Tендери“ и „Toтал“. Во случајот „Тендери“ првообвинета е екс министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска. СЈО предложи како доказ неколку телефонски разговори. Во нив се слуша како поранешната министерка за култура Канчевска –Милевска му ветила тендер за градење на „Музејот на ВМРО“ на директорот на компанијата Бетон од Штип. Во случајот „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, а се однесува на спорниот начин на набавка на скапо возило – „мерцедес“. Денеска ќе продолжи и судењето за предметот „Toтал“, во кој новинарот Драган Павловиќ Латас се товари за даночно затајување.