Нестабилно време со повремен дожд и грмежи

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи ќе биде времето денеска во Македонија. Утринската температура се движи од пет до 12, дневната од 19 до 25 степени.УВ-индексот ќе изнесува 6.Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи со температура до 24 степени.