ЕУ ја предупреди Црна Гора за нападот врз новинарката Лакиќ

Архива: Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан.

ЕУ ја предупреди Црна Гора дека нејзините напрори да се приклучи во блокот ќе претрпат неуспех, освен ако не направи повеќе да ги заштити новинарите и медиумските слободи.

Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан денеска ја даде изјавата, по средбата со новинарката на дневниот весник „Вијести“ Оливера Лакиќ, која известува за криминал и корупција.

Лакиќ на 9 мај беше застрелана и повредена пред нејзиниот дом во главниот град Подгорица.

Пукањето беше „јасно дека е напад врз медиумските слободи, врз слободата на изразување, една од вредностите на ЕУ“, рече Хан.