Меркел: Повлекувањето на САД од нуклеарниот договор го поткопува глобалниот поредок

Архива: германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека одлуката на САД да се повлече од нуклеарниот договор со Иран ја поткопува довербата во глобалниот поредок.

Таа рече дека договорот за намалување на нуклеарната програма на Иран во замена за укинување на санкциите е далеку од совршен, но истакна оти не треба да биде „еднострано прекинат“, бидејќи бил одобрен од Советот за безбедност на ОН.

„До кој степен можеме да го одржиме овој договор, е нешто што треба да разговараме со Иран“, рече Меркел.

Берлин и Москва сооптштија дека денеска Меркел телефонски разговарала со рускиот претседател Владимир Путин, за напорите за зачувување на договорот како главна тема на дискусија

Меркел на 18 мај ќе патува во Русија на разговори со Путин за повлекувањето на САД од нуклеарниот договор, соопшти Кремљ. Оттаму наведоа дека Русија тесно ќе соработува со Иран за да го убеди да остане на договорот.