Судот во Москва го започна процесот против опозицискиот лидер Алексеј Навални за антивладините протести, но рочиштето веднаш беше презакажано за 15 мај. Навални беше уапсен на протестите на 5 мај против инаугурацијата на претседателот Владимир Путин и започнувањето на неговиот нов шест годишен мандат два дена подоцна.
Навални е обвинет за прекршување на правилата за јавен собир и за одбивање да се консултира со полицијата. Доколку биде осуден тој се соочува со казна затвор до 45 дена. Навални по рочиштето на Твитер напиша дека е уште нема одлука за неговиот случај, бидејќи Путин е зафатен.