САД воведоа нови санкции за ирански поединци и ентитети

Знамињата на САД и Иран

САД воведоа нови санкции за три ентитети и шест ирански поединци поврзани со Исламската револуционерна гарда, два дена откако претседателот Доналд Трамп објави дека се повлекува од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година. Министерството за финансии на САД денеска објави дека санкциите се заедничка акција со Обединетите Арапски Емирати со намера да ја нарушат "мрежата за голема размена на валута" која се користи за да се помогне во финансирањето на Исламската гарда и нејзиното странско крило.

САД и други официјални претставници ја обвинија гардата за поттикнување екстремистичко насилство на Блискиот Исток. Иран и гардата негираат финансирање на каква било терористичка група. Соединетите Американски Држави во октомври 2017 година ја ставија Исламската револуционерна гарда на својата антитерористичка листа за санкции.