Полицијата уапсила демонстранти на два протести во Казахстан на кои се повика на ослободување на политичките затвореници во земјата. Демонстрантите во Астана извикувале „Слобода за политичките затвореници“ и „Срам за владата“.
На другиот протест во Алмати демонстрантите држеле портрети на политички затвореници и транспаренти испишани со зборовите „Стоп за тортурата“ и „Не за политички мотивирани апсења“.