Заев: Сега е најдобар момент да се најде решение за името

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека мисли оти сега е најдобриот и неповторлив момент да се најде решение за спорот за името. Тој по завршувањето на денешното рочиште за „Поткуп“ посочи дека очекува намаргините на Самитот за Западен Балкан во Софија да се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас и да разговара за досегашните постигнувања во преговорите.

„Верувам дека следниот викенд ќе може искрено и отворено со одредени алтернативи и креативни решенија кои што доаѓаат и од наша и од грчка страна да ги доближиме позициите“, рече Заев.