Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин упатил честитки до новоизбраниот премиер на Ерменија, Никол Пашинијан. Путин изразил надеж дека Пашинијан како премиер ќе промовира силни, пријателски и сојузнички односи меѓу двете земји и партнерство во рамките на организациите во кои членуваат Ерменија и Русија.
Ерменскиот Парламент денеска го избра опозицискиот лидер и предводник на протестите Никол Пашинијан за премиер со 59 гласа за и 42 против.