Шчербак: Русија се обидува да биде добар партнер на Македонија

Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак

Рускиот амбасадор Олек Шчербак изјави денеска дека неговата земја сака односите со Македонија да се унапредуваат успешно, конструктивно и во духот на соработката, заемното разбирање и рамноправност. Според него, Русија се обидува да биде добар партнер, а како ќе се однесува Македонија, тоа е нејзино суверено право.

Шчербак при неговата посета на Прилеп ги отфрли како пропаганда обвинувањата дека Русија се меша во дел од земјите на Балканот со цел тие да не влезат во НАТО, како и во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција.