Ердоган на 20 мај во работна посета на БиХ

турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Амбасадорот на Турција во Босна и Херцеговина Халдун Коц изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја посети БиХ на 20 мај и оти станува збор за од порано планирана посета. Претходно во јавноста се појавија шпекулации дека Ердоган во Сараево ќе одржи предизборен митинг. Во кабинетите на хрватскиот и српскиот член на претседателството на БиХ Драган Човиќ и Младен Иваниќ велат дека немаат информации за евентуалното доаѓање на Ердоган во Сраеаво. Исто така до властите на кантонот Сараево не пристигнало никакво барање за одржување собир на Ердоган.