ЕУ го поканила Хашим Тачи на Самитот во Софија

Косовскиот претседател Хашим Тачи добил покана од ЕУ и од Бугарија да учествува на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Софија, што ќе се одржи на 17 мај, објави приштинскиот весник „Експрес“.

Весникот посочува дека на поканата до Тачи потпишани се претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Претходно беше објавено дека на Самитот ќе учествува косовскиот премиер Рамуш Харадинај, но неговиот советник Авни Арифи изјави дека Харадинај ќе присуствува само на Виенскиот економски форум што ќе се одржи на 18 мај во Софија.