Иванов и Заев согласни оти НБРМ не смее да биде без гувернер

Зградата во која се сместени инситуциите Централен регистар, Управа за јавни приходи и Народна банка

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на денешната средба во вила Водно се согласиле оти Народна банка не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата.

Иванов, како што наведуваат од неговиот кабинет, смета дека Димитар Богов е најквалитетна, најпрофесионална и најсоодветна личност за извршување на функцијата и затоа го предложил за втор мандат на функцијата гувернер.

Иванов го информирал Заев дека пред да ја донесе одлуката, остварил и средби со други потенцијални кандидати за функцијата. На тие средби, според претседателот, не била посочена ниту една забелешка за работата на актуелниот гувернер, ниту за работата на НБРМ.