Путин го номинираше Медведев за премиер на Русија

Дмитри Медведев

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин предложил премиерот Дмитри Медведев да остане на функцијата. Путин, кој на претседателските избори во март доби 76 отсто од гласовите и се избори за нов шест годишен мандат денеска на церемонијата во Кремљ положи заклетва на функцијата. По инаугурацијата Владата автоматски поднесува оставка, а Путин со указ именува мандатар за состав на нова влада.