Иран со закана до САД за нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека САД ќе зажалат за одлуката за повлекување од нуклеарниот договор. Според него, Иран жестоко ќе се спротивстави на притисокот на САД да го ограничи влијанието на земјата на Блискиот Исток. Во меѓувреме и иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф порача дека одговор на неговата земја за прекршувањето на договорот нема да биде пријатен за САД.

Британија и Германија ги засилија напорите да го убедат американскиот претседател Доналд Трамп, САД да останат во нуклеарниот договор со Иран потпишан во 2015 година. Трамп е против условите од договорот, обвинувајќи го Иран дека го крши со тоа што ги помага милитантните активност на Блискиот Исток и ги продолжува ракетните тестови