Расте бројот на загинати во експлозијата во Авганистан

Архива: Авганистанска полиција по експлозија во џамија во Харт. 25.03.2018

Авганистанската полиција соопшти дека најмалку 13 лица се загинати и околу 30 се повредени во експлозија во џамија во источната авганистанска повинција Хост, која била користена за регистрирање на гласачи.

Провинцискиот владин портпарол Талиб Мангал изјави дека експлозивната направа била поставена внатре во џамијата и била детонирана денеска околу 2:30 часот по локално време и предизвикла жртви меѓу луѓето кои дошле да се молат, како и оние кои се регистрирале за гласање.

Властите наведоа дека е можно бројот на жртвите да расте.

Засега ниту една група не презеде одговорност, но екстремистичката група Исламска држава во минатото спроведуваше слични напади.