Рускиот опозициски лидер Навални ослободен од притвор

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални,

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални вели дека е ослободен од притвор, откако тој и стотици други демонстранти беа уапсени како дел од протестите во повеќе градови во Русија пред инаугурацијата на Владимир Путин за неговиот четврти претседателски мандат.

„Напишаа два протоколи за мене: организирање на протест и непочитување на полицијата, но на половина час по полноќ одлучија да ме ослободат во очекување на судење“, напиша денеска Навални на Твитер.

Тој и стотици други демонстранти беа уапсени на вчерашните протести во Москва. Навални беше уапсен кусо по неговото пристигнување на протестот на плоштадот Пушкин во центарот на рускиот главен град, каде полицијата ги апсеше и другите демонстранти, а некои беа тепани од поддржувачи на Путин.