УКИМ треба да го промени Статутот во рок од три месеци

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски.

Како Универзитет имаме законска обврска да се усогласиме со новиот Закон, тоа значи дека во најскоро време треба да направиме промени, во рок од три месеци, што сметам дека е малку време да се усогласиме со новиот Закон односно да направиме промени во Статутот, изјави денеска Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски при учеството на Денот на високото образование на УКИМ.

Промените на Статутот Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ треба да ги направи во рок од три месеци, со што ќе се усогласи со Законот за високо образование кој го изгласа Собранието пред три дена како дел од пакетот реформски закони.