Трет министерски состанок на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија

Поглед на Солун, илустрација

Од грчкото министерство за надворешни работи соопштија дека на третиот министерски состанок во Солун, што започнува денес ќе стане збор заслучувањата на Блискиот исток, европската иднина на земјите од Западен Балкан, како и соработката во регионот.

На состанокот ќе присуствуваат шефовите на дипломатиите од Македонија, Бугарија, Албанија и домаќинот Грција. Според соопштението, ќе се одржат и паралелните средби и на министрите за внатрешни работи, односно на министрите за транспорт.