Гутереш предупреди да не се напушта нуклеарниот договор со Иран

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди против напуштањето на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма доколку не може да биде заменет со соодветна алтернатива.

Американскиот претседател Доналд Трамп е остар критичар на договорот постигнат во 2015 година според кој Техеран се согласи да ја ограничи нуклеарната програма во замена за олеснување на санкциите врз земјата. Според Гутереш, договорот е важна дипломатска победа и е важно истиот да биде зачуван. Но, тој посочи и дека верува оти има области за кои е важно да се има дијалог, бидејќи регионот се наоѓа во опасна ситуација.