Руски воен авион се урнал во Сирија

Руски воен транспортен авион, илустрација

Руското министерство за обрана соопшти дека воен авион се урнал во Сирија при што загинале двајцата пилоти. Според министерството, воениот авион не бил соборен, туку се урнал брзо по полетувањето од воздушната база во покраината Латакиа. Русија има повеќе од 50 воени авиони и хеликоптери во Сирија.