Пашинијан повика на пауза во протестите во Ерменија

Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинијан

Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинијан повика на пауза во протестите кои траеја три недели откако владејачката Републиканска партија посочи дека би можела да го поддржи неговото назначување за премиер на земјата на гласањето во Парламентот закажано за 8 мај.

Пашинијан порача дека владејачката партија ќе треба да ја потврди својата одлука на средбите со партискиот врв. Тој на демонстрантите им порача дека прашањето е практично решено и ги откажа протестите закажани за денеска.