Собранието ги донесе законите за судовите и за Судскиот совет

Илустрација: Собраниска седница

Собранието денеска ги донесе измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет. Дел од измените на Законот за судовите предвидуваат судија да може да одговара дисциплински, доколку без оправдана причина не ги закажува рочиштата по предметите, ја одолжува постапката или не го зема предметот во работа поради што настапува застареност на кривичното гонење, односно на извршувањето на кривичната санкција за кривичното дело. Законите за судовите и за Судскиот совет се дел реформскиот пакет закони што Република Македонија го најави како задача пред домашната и меѓународната јавност.