Политичката криза во Ерменија се продлабочува

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пашинијан повика на „целосна блокада“ во Ерменија

Лидерот на опозицијата во Ерменија Никол Пашинијан повика на „целосна блокада“ на патиштата, возовите и аеродромите во земјата, откако парламентот не го избра за премиер.

Водачот на ерменските антивладини протести власта Никол Пашинијан, кој го принуди лидерот ветеран на Ерманија Серж Саркисијан да се повлече, објави кампања за граѓанска непослушност на национално ниво откако владејачката партија ја спречи неговата кандидатура за премиер.

Обраќајќи им се на десетици илјади луѓе кои се собраа на плоштадот во ерменскиот главен град Ереван, Никол Пашинијан најави дека неговите поддржувачи ќе ги блокираат патиштата, железниците и аеродромите.

Ваквиот вид блокада во оваа мала поранешна советска држава го продлабочува несогласувањето меѓу движењето на Пашинијан, кое мобилизираше илјадници луѓе да излезат на улиците и владејачката елита која е решена да се држи до власт и се уште го контролира безбедносниот апарат.

По неколкудневните протести, Серж Саркисијан во минатата недела се повлече од функцијата премиер.

Тоа се чинеше дека е голем сигнал за драматичен премин на власта во Ерменија, поранешна советска држава која е тесно поврзана со Русија и која е управувана од истиот кадар луѓе од крајот на 1990-тите.

Некои од поддржувачите на Пашинијан, кои го поминаа денот на Плоштадот на Републиката за да ја следат парламентарната дебата на два големи екрана, како Сармат Хашатријан велат:

„Луѓето се вознемирени, но ова не е крај, ова е само почеток. Луѓето ќе се обединат. Повеќе луѓе ќе се приклучат. Никол сега рече дека ќе има толку многу луѓе што нема да може да се избројат. Победивме, ние веќе победивме. Има некакво задржување од страна на Републиканската партија“.

Нарин Атојан пак, најавува борба до конечна победа:

„Ние ќе се бориме до крајот. Ние ќе се бориме се додека Никол Пашинијан не стане премиер“.

Следното гласање во парламентот за иден премиер на Ерменија треба да се одржи во идната недела.