РЕК Битола ги негира обвинувањата на Мицкоски

Васко Ковачевски

Директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски денеска јавно ги отфрли обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека компанијата на Вице Заев вози за комбинатот. Според него, фирмите СВ Инвест од Битола и Тотал инженеринг од Струмица, не работеле, ниту во моментов работат како подизведувачи на ископ и транспорт на јаглен во РЕК Битола.

Тој порача дека се согласува со Мицкоски оти Јавното обвинителство треба и мора да ги проверат неговите наводи и да ја утврдат вистината. Ковачевски го предупредува Мицкоски доколку во иднина шири дезинформации ќе побараат одговорност пред судските инстанци.

Тој најавува и дека наскоро АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ќе излезат со информации за нивното работење кога Мицкоски бил ангажиран во компаниите.