Иранските власти го обвинија израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека лаже за наводите оти Техеран спроведува тајна нуклеарна програма. Портпаролот на иранското МНР, Бахрам Хашеми изјави дека обвинувањата се срамни и бескорисни и доаѓаат од „скршен и злогласен лажливец кој нема ништо да понуди освен лаги и измами“.
Нетанјаху за време на телевизиска презентација порача дека Израел има документи кои покажуваат нови докази за иранскиот план за нуклеарно оружје кој може да биде активиран во било кое време.