Иран го потврди апсењето на професорот со британско и иранско државјанство

Архивска фотографија- британскиот професор Абас Едалат кој е уапсен во Иран

Иранската влада го потврди апсењето на британско-иранскиот професор поради сомневање за прекршување на безбедносните закани. Голамхосеин Мохсени Еџехи, портпарол на иранското министерство за правда, денеска потврди дека Абас Едалат е уапсен во Техеран на 25 април.

Едалат е професор и комјутерски инжењер на Лондоскиот колеџ и поседува британско и иранско државјанство. Еџехи за државниот сервис ИРИБ рече дека го потврдува апсењето поради безбедносни закани и одби да даде повеќе детали.

Иранската агенција Фарс на 26 април јави дека Едалат е осомничен дека е дел од инфилтрирана мрежа поврзана со Британија. Засега непознат број на вклучени во мрежата се приведени. Најмалку тројца други британски државјави се наоѓаат во моментов во притвор во Иран.