Русија пушти пловечка нуклеарна централа

Русија- Академик Ломоносов, првата пловечка нуклеарна централа

Русија пушти во употреба пловечка нуклеарна централа, потег кој наиде на широки критики од заштитниците на животната средина.Пловечката централа, именувана Академик Ломоносов, беше пуштена вчера од пристаништето во Санкт Петерсбург каде што беше и конструирана. Таа ќе плови низ Балтичкото море, а во Мурмански нуклеарните реактори ќе бидат полнети. Ако се биде по планот, Академик Ломоносов ќе биде пуштена во употреба во 2019 година во Чукотка, на Далечниот исток и ќе обезбедува енергија за пристанишниот град и нафтените капацитети. Проектот е критикуван како ризичен од екологистите, а Гринпис го нарекоа пловечки Чернобил.