Тачи загрижен за апсењето на Србинот припадник на Безбедоносните сили на Косово

Архивска фотографија- претседателот на Косово Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави за РТК дека е загрижувачки што Србија го има уапсено српскиот припадник на Безбедносните сили на Косово (БКС), Милош Шошиќ, на граничниот премин Кончуљ, во близина на Бујановац.

" Властите во Србија продолжуваат со нивниот непријателски пристап кон граѓаните на српската етничка припадност, кои се интегрирани во институциите на Република Косово", рече Тачи, додавајќи дека ваквото однесување на Србија е спротивно на слободата на движењето, како и на човековите и на европските вредности и тежок удар на напорите за добрососедски односи.

Според него, таквата акција на српската полиција, како што рече, „настапи само неколку дена откако српските лидери им се заканија на српските припадници на Безбедносните сили со апсења, само затоа што се припадници на овие сили, кои наскоро ќе се трансформираат во Вооружени сили“.