За Тачи дијалогот со Србија е единствениот пат напред

Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека дијалогот со Србија е тежок, исто како и посветеноста за помирување. Но, тоа според него, е единствен пат да се оди напред.

Тој истакна дека следните денови и недели ќе бидат одлучувачки за консолидирање на Косово како држава. Тачи на форумот "Идната декада на Косово: Унапредување на реформите, регионалната соработка и европската интеграција", порача дека договорот е во полза на двете земји и тоа го олеснува патувањето кон ЕУ.