Нови протести во Ерменија

Протести во Ереван

Илјадници Ерменци повторно излегоа на протести низ улиците на Ереван предводени од опозициски лидер Никол Пашинијан откако преговорите кои тој требаше да ги одржи со владејачката Републиканска партија беа откажани.

Пред два дена премиерот Серж Саркисјан поднесе оставка од функцијата поради протестите. Пашинијан порача дека Републиканската партија се обидува да ја искористи оставката на Саркисјан и има за цел на остане на власт. Тој истакна дека не смеат да дозволат да биде назначен нов премиер од владејчката партија и да продолжи да функционира корумпираниот систем.