Трамп - Иран го очекуваат големи проблеми ако ја обнови нуклеарната програма

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, предупреди дека Иран може да се соочи со големи проблеми, поголеми отколку што некогаш ги имале, доколку ја рестартираат својата нуклеарна програма.

Трамп, говорејќи на почетокот на состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа, рече дека нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и шест светски сили е „луд“.

Американскиот претседател вели дека со договорот не се спречува нуклераната програма на Техеран и обвини дека зад сите проблеми на Блискиот Исток стои Иран.

Трамп претходно на европските земји потписнички на договорот им даде рок до 12 мај да ги поправат „ужасните недостатоци“ на договорот, во спротивно се закани дека САД ќе се повлечат од договорот.

Другите земји потписнички ја изразија својата поддршката за договорот.