Уапсени 14 припадници на забранета организација во Русија

Полицајци во Татарстан вршат претрес на возило, илустрација

Руските власти соопштија дека во Татарстан биле уапсени 14 лица осомничени дека се членови на забранетата организација Хизб ут Тахрир. Тие биле уапсени по претресот на нивните домови во Казан. Безбедносните сили конфискувале книги со екстремистичка содржина.

Според Русија и други поранешни советски републики, организацијата има клучна улога во стратегијата на милитантната група Исламска држава за радикализација на млади луѓе и нивно регрутирање во Сирија и во Ирак. Хизб ут Тахрир е сунитска политичка организација со седиште во Лондон која сака обединување на сите муслимански земји во исламски калифат.