ММФ ќе ја испитува улогата на развиените земји во корупцијата

Меѓународниот монетарен фонд ќе ја преиспита улогата на развиените земји во корупцијата, ќе го процени економското влијание на слабото управување и ќе даде политички препораки. ММФ соопшти дека истовремено ќе го заостри следењето на корупцијата во земјите на кои дава заеми. „Во рамки на ревидираниот систем за управување ширум светот, ММФ ќе ги оцени областите како што се управување со буџетот, надзорот врз финансискиот сектор, контроли на централните банки, пазарната регулатива и владеењето на правото,“ се наведува во соопштението на организацијата. Директорката на ММФ Кристин Лагард, на нејзиниот блог посочи дека средствата што се добиени преку корупција најчесто се кријат надвор од земјата и тоа често во финансиските сектори на големите метрополи.