Почина најстарата жена во светот

Јапонката Наби Тајима

Јапонката Наби Тајима, за која се веруваше дека е најстара жена во светот, почина во 118 година од животот, соопштија јапонски претставници. Тајима, која е родена на 4 август 1900 година, починала синоќа на родниот град Кикаи. Таа има 160 потомци меѓу кои и пра-пра-пра внуци.

Се верува дека таа беше најстарата жена на светот по смртта на Јамајканката Вајолет Браун во јули минатата година. Таа имаше 117 година кога почина.

Гинисовата книга на рекорди не ја прогласи официјално Тајима за најстара жена на светот.

Според официјалните податоци, минатата година во Јапонија имало 68 илјади стогодишници.

Се верува дека најстарата жена сега повторно е Јапонка која има 116 години. Пред неколку дека почина маж во Чиле на 121 година за кого се веруваше дека е најстариот човек на светот.