Временска прогноза – Сончево и топло време

Скопје

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 18 до 28 степени.

Во Скопје слично време со температура до 27 степени.

Продолжува периодот на стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Од вторник до петок во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд, но во поголемиот дел од земјата и понатаму ќе се задржи суво време.