МНР: Ќе има законска процедура за бугарскиот предлог Камчев да биде почесен конзул

Амбасадата на Република Бугарија достави предлог за г-динот Орце Камчев да биде назначен за почесен конзул на Бугарија во Република Македонија. Следи вообичаена законска процедура за донесување одлука по овој предлог.

Ова во кусо соопштение го објави македонското Министерство за надворешни работи по објавените информации дека бугарската држава сака да го назначи македонскиот бизнисмен Камчев за нејзин почесен конзул во Македонија.