Димитров ја убедува Грција дека е добро Македонија да влезе во ЕУ и НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров денеска изјави дека се фокусирани на тоа да ги убедат сите вклучително и Грција дека е добро Македонија да стане сојузник во ЕУ и НАТО. Тоа, според него, ќе биде добро не само за Грција, туку и за целиот регион.

Димитров на завршната прес-конференција на Дигиталниот самит за Западен Балкан запрашан дали има план Б доколку не се најде решение за спорот за името поради грчките барања, тој истакна дека треба да бидат фокусирани на планот А.

Според него, со цел да се зголемат шансите за успех треба да размислуваат и да бидат фокусирани на планот А.