Косовската Влада денеска усвои Платформа за политичкиот дијалог со Белград и ја достави до Собранието. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека платформата го содржи предусловот што ја изразува добрата волја за добрососедски односи, почитување на договорите и за интеграција во ЕУ и НАТО.
Според него, со доставувањето на Платформата до Собранието, дијалогот станува транспарентен и ќе се овозможи сеопфатна расправа по документот.