Притворени ерменски демонстранти на плоштадот во Ереван

Протести во Ерменија

Илјадници Ерменци се собраа на плоштадот, барајќи да продолжат со протестите по изборот на поранешниот претседател Серж Саркисијан за премиер. На митингот предводен од лидерот на опозицијата, Никол Пашинијан, полицијата уапси десетици демонстранти додека се обидуваа да ги блокираат улиците и да го прекинат сообраќајот. Полицијата со штитови застана по улицата во непосредна близина на плоштадот за да обезбеди непречен сообраќај. Демонстрантите одржаа краток протест пред канцеларијата на градоначалникот, а влегоа и во кампусот на државниот универзитет. Пашинија ги повика учениците да ги бојкотираат часовите и да се приклучат на протестите.