Иванов-Могерини: Одредување датум позитивно ќе влијае врз реформите

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ја прими високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини. Од кабинетот на Иванов соопштија дека на средбата Иванов ја поздрави обновената препорака на Европската Комисија за отворање на пристапни преговори со Македонија

"Деблокирањето на интегративните процеси преку одредувањето на датум за почеток на пристапните преговори, позитивно ќе влијае врз реформските процеси и врз целата општествено-политичка состојба во Република Македонија“, соопшти Кабинетот на Иванов.

Претседателот порачал дека позитивната препорака за отворање на пристапни преговори за Македонија и Албанија, има охрабрувачко влијание за кредибилноста на ЕУ и перспективата на целиот регион.

На средбата претседателот Иванов и Могерини, размениле мислења и во однос на тековните разговори за прашањето за разликата околу името, соопшти претседателскиот кабинет.