За Ахмети препораката за Македонија е очекувана

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по денешната средба со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека оценките од извештајот на ЕК за напредокот на Македонија не биле неочекуван успех. Но, според него, тоа треба да ги поттикне сите да дадат поголем придонес во спроведувањето на значајни реформи за почнување на преговори со ЕУ.

Тој порача дека со климата што ја имаат создадено и со комуникацијата меѓу власта и опозицијата работите ќе земат правилен тек. Во однос на спорот за името Ахмети порача дека се работи за многу чувствително прашање за кое не би сакал да дебатира на прес-конференции, особено што разговорите се во полн ек. Тој посочи дека очекуваат позитивен епилог и да се постигне компромис што ќе биде прифатлив за сите.