На Јанкулоска ќе и се суди одделно за „Тенк“ поради ризична бременост

Горднана Јанкулоска на суд за предметот Таргет-Тврдина на 22.12, 2017 година

Судот денеска донесе одлука да ја одвои постапката за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е обвинета во случајот на СЈО „Тенк“, кој се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Нејзината одбрана претходно го достави лекарското оправдување во кое е наведено дека Јанкулоска имала ризична бременост. Во случајот обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.