Убиено едно лице на протести во Пакистан

Припадници на пакистанските безбедносни сили, илустрација

Едно лице загина во пакистанскиот пристанишен град Карачи кога полицијата истрелала куршуми во воздух и употребила солзавец со цел да ја растера толпата која фрлала со камења кон нив. Судирите се случиле за време на протестите поради исчезнувањето и смртта на 7 годишно девојче во оваа недела.

Демонстрантите ја обвинуваат полицијата за небрежност во случајот. Во судирите биле повредени и 17 лица, од кои повеќето полицајци. Девојчето исчезнало пред два дена, а нејзиното тело било пронајдено денеска во грмушки во западниот дел на Карачи. Според првичните медицински наоди, девојчето било силувано и задавено.