Уапсени 29 учесници на протестите во Ерменија

Протести на опозицијата во Ереван

Ерменската полиција уапсила најмалку 29 демонстранти на протестите против назначувањето на поранешниот претседател Серж Саркисјан на премиерската функција.

Покрај предупредувањата од властите стотици демонстранти денеска ги блокираа улиците на Ереван еден ден по судирите со полицијата. Опозијата го обвинува Саркисијан, кој долго време беше претседател на Ерменија, за грабање на власта. Најмалку 46 луѓе, меѓу кои и неколкумина полицајци беа повредени во нередите.