Тројца членови на иранските безбедносни сили биле убиени од страна на осомничени милитанти на границата со Пакистан. Еден ирански полицаец бил убиен за време на напад на граничен пункт, а двајца војници загинале при експлозија на импровизирана напарава. Иранските безбедносни сили вчера конфискуваа голема количина на муниција од милитантите во реонот.