Коѕијас: Властите во Скопје да не преговараат преку интервјуа

Архивска фотографија - Прес-конференција на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Охрид - 12 април 2018

Лидерите на соседната земја да сфатат дека не може да се преговара преку интервјуа и јавни изјави, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас од Луксембург по Советот за надворешни работи на ЕУ.

Никос Коѕијас по состанокот со неговите колеги од Унијата, рекол дека освен за ситуацијата во Сирија и нуклеарната програма на Иран, разговарале и за земјите од Западен Балкан, а тој информирал за текот на преговорите со ПЈРМ и со Албанија.

„Објаснив каде се наоѓаат нашите преговори со Албанија и со ПЈРМ и исто така ја потенцирав потребата лидерите на последната да разберат дека не може да се водат преговори преку интервјуа и континуирани јавни изјави. Дека треба да покажат сериозност и да прифатат еден метод што ќе не одведе до решение, рекол Коѕијас