Протест во Ѓорче Петров за безбедни улици

Илустрација.

Граѓани и денеска протестираат во општина Ѓорче Петров барајќи безбедни улици за своите деца. Тие втор ден по ред протестираат откако беше прегазено дете на улицата „Борис Сарафов“, која поминува пред основно училиште. Десетгодишното момче има повреди на главата, но е во стабилна состојба.

Жителите на оваа општина со години бараат на улицата да се постави соодветна патна сигнализација, оти како што велат по улицата се вози многу брзо и тоа е закана за нивните деца.

Од Град Скопје информираа дека набрзо ќе биде поставен семафор.