Поранешниот претседател на Ерменија номиниран за премиер

Протестите во Ереван против назначувањето на Серж Саркисјан на премиерската функција

Ерменските пратеници го номинираа Серж Саркисјан за премиер на земјата и покрај протестите на опозицијата против неговото назначување. Парламентот треба утре да гласа за назначувањето на Саркисјан на функцијата.

Саркисјан е поранешен претседател на Ерменија. Опозициски активисти блокираа неколку патишта во Ереван во знак на протест против поставувањето на Саркисјан на премиерската функција.